„Откако ја почнавме операцијата се соочуваме со закани“

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје на Турција нема да ја сопре офанзивата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека ембаргото на оружје на Турција нема да биде доволно да се сопре офанзивата во Сирија.

„Откако ја почнавме операцијата, се соочуваме со закани со економски санкции или ембарго на оружје. Грешат оние кои мислат дека на тој начин ќе нѐ примораат да се откажеме“, порача Ердоган.

Турција во средата почна воена офанзива против курдските сили на североистокот на Сирија, бидејќи тие сили ги смета за терористички.

Берлин, Париз и Амстердам соопштија дека ја сопираат испораката на оружје на Турција, особено на она кое може да се користи во офанзивата во Сирија.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе