Во говор пред турскиот парламент

Ердоган: Еј ЕУ, разбуди се, ќе ве преплавам со бегалци ако ми ја критикувате офанзивата!

Ердоган се закани дека ќе ја преплави Европа со 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ја критикува неговата воена офанзива во северна Сирија, контролирана од курдите.

Претседателот на Турција се закани дека ќе испрати милиони сириски бегалци во Европа ако Европската Унија ја нарекува неговата воена операција во Сирија „инвазија“.

Говорејќи пред турскиот парламент, Ердоган рече дека турските сили убиле 109 „милитанти“ од почетокот на операцијата во средата и предупреди дека ќе ги „отвори вратите“ за да предизвика нова бегалска криза во Европа ако ЕУ тоа го нарекува „инвазија“.

„Еј ЕУ, разбуди се. Повторувам: ако пробате да ја претставите нашата операција таму како инвазија, нашата задача е едноставна: ќе ги отвориме вратите и ќе ви испратиме 3,6 милиони мигранти“, рече тој.

Турскиот лидер го налути вчерашното соопштение на Европската Унија, во кое се повикува „Турција да престане со еднострано воено дејствување“ и се вели дека планот на Анкара за „безбедна зона“ нема да ги „задоволи меѓународните критериуми за враќање на бегалците, поставени од УНХЦР“.

„Секој обид за демографска промена ќе биде неприфатлив“, се додава во соопштението. „ЕУ нема да обезбеди помош за стабилизација или развој во области каде што се игнорираат правата на локалното население“.

„Ја повикувам Турција, како и другите актери, да се однесуваат воздржано и веднаш, додека зборуваме, да престанат со операциите што се во тек“, рече вчера претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

И покрај тоа што призна дека Турција е загрижена за безбедноста на границата со Сирија, Јункер рече дека „ако турскиот план вклучува создавање таканаречена безбедна зона, не очекувајте Европската Унија да плаќа за ништо од тоа“.

ЕУ ѝ плаќа на Турција 6 милијарди евра за да ѝ помогне на земјата да се справи со скоро 4 милиони сириски бегалци на нејзината територија во замена за запирање на мигрантите што заминуваат кон Европа. Но Анкара бара повеќе пари поради загриженост дека илјадници Сиријци наскоро би можеле да ја преминат нејзината граница.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе