Ердоган е првиот странски лидер што ѕирна во кабината на рускиот стелт ловец Су-57 (ВИДЕО)

Првиот странски лидер кој ѕирна во кабината на најновиот руски ловец сухој Су-57 е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавуваат руските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега го посетија отворањето на Меѓународниот саем на авијацијата и вселенското истражување МАКС-2019 во московското предградие Жуковски.

Путин ја искористи приликата да му ја покаже на гостинот од Турција кабината на повеќенаменскиот стелт ловец Су-57.

Ердоган е во еднодневна посета на Русија каде со Путин ќе разговара, пред сѐ, за ситуацијата во Сирија.

Тој денес кажа дека неговата земја ќе ја зголеми трговската размена со Русија за 25 милијарди евра на 100 милијарди.

Придружуван од Путин во Москва, Ердоган истакна дека извозот на Турција во областа на одбраната и авијацијата достигнал 2,8 милијарди долари во 2018, и дека технолошката соработка ќе ги продлабочи врските со Русија.

Во претходните месеци, турската набавка на рускиот ракетен систем С-400 предизвика гнев кај официјален Вашингтон, а покрај тоа што Анкара беше суспендирана од програмата за производство на американскиот авион Ф-35, САД се закануваат со дополнителни санкции.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе