„Чекори за подобрување на нашите одбранбени капацитети“

Ердоган: Договорот за системот С-400 е најважен во модерната историја на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека договорот со Русија за купување на системот С-400 е главен договор што Турција го постигнала во својата понова историја, јави руската агенција ТАСС.

„Најважниот договор во нашата модерна историја е договорот С-400. Турција не се подготвува за војна со купување на овој систем. Овие системи за ракетна одбрана имаат за цел да обезбедат мир и безбедност во нашата земја. Тоа се чекори за подобрување на нашите одбранбени капацитети“ рече Ердоган.

Купувањето на С-400 системот предизвика тензии помеѓу Русија и САД.

Вашингтон претходно ја предупреди Анкара дека постои можност за воведување санкции доколку се оствари тој договор.

САД сметаат дека договорот за С-400 претставува закана за западните земји.

Вашингтон побара од Турција да бира помеѓу рускиот систем и американските борбени авиони Ф-35, кои исто така ѝ се потребни на Анкара.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе