Ердоган до Зеленски: Не ја поддржуваме анексијата на Крим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека официјална Анкара не ја признава „незаконската" анексија на Крим на конференцијата со претседателот на Украина.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференцијата со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Анкара повтори дека официјална Анкара не ја признава, како што вели, „незаконската“ анексија на Крим.

„Турција не ја призна и нема да ја признае незаконската анексија на Крим. Нашите браќа на Крим продолжуваат да живеат во нивната историска татковина, заштитата на нивниот идентитет и култура, зачувувањето на нивните основни права и слободи се приоритети на Турција“, рече Ердоган во средата навечер во Анкара, објави агенцијата Анадолу.

Турскиот лидер рече дека сака што е можно поскоро да се стави крај на конфликтот во Донбас.

Истакнувајќи дека Турција целосно го почитува Минскиот процес, Ердоган рече дека дал целосна поддршка на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, предводена од турски амбасадори.

Зеленски му се заблагодари на Ердоган затоа почитувањето на територијалниот интегритет на Украина.

Зеленски рече дека сака земјата да ја направи „центар за привлекување“ на странски инвеститори преку економски и трговски реформи.

Трговијата меѓу Турција и Украина во 2018 година достигнала 4 милијарди долари, рече Зеленски и нагласи дека бројката не го отсликува потенцијалот на двете земји.

Цел е обемот на трговија меѓу двете земји да достигне 10 милијарди долари и договор за слободна трговија исто така ќе помогне во постигнувањето на оваа цел, рече тој.

„Би сакал да го поканам турскиот деловен свет во Украина“, рече Зеленски гарантирајќи удобна работна средина.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе