Во писмо

Ердоган до Трамп: Се надевам дека Конгресот и медиумите во САД ќе ја сфатат важноста на нашите односи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испратил писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое се потенцира важноста на меѓусебните односи за време на пандемијата на коронавирусот.

Ергодан му порача на Трамп дека се надева дека американскиот Конгрес ќе има подобро разбирање за стратегиската важност на меѓусебните односи кога станува збор за солидарноста и споделувањето опрема за време на пандемијата на коронавирусот.

Писмото до Трамп пристигна во вторникот заедно со турската медицинска опрема, која се состои од заштитни костуми и маски, соопшти канцеларијата на турскиот претседател.

Американскиот Конгрес претходно се закани со санкции против Турција поради набавката на системот С-400 од Русија, но пандемијата го одложи планот за активирање на системот додека Анкара се фокусира на борбата против епидемијата.

„Се надевам дека во наредниот период ќе се покаже духот на солидарноста во пандемијата, дека Конгресот и американските медиуми подобро ќе ја разберат стратегиската важност на нашите односи“, рече Ердоган.

Турско-американските односи последниве години се напнати поради несогласувањата околу Сирија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе