Ердоган до Макрон: Прво провери го сопственото ментално здравје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко го критикуваше односот на францускиот претседател Емануел Макрон кон муслиманите.

EPA-EFE

Ердоган дури го доведе во во прашање неговото ментално здравје.

„Сѐ што може да се каже за шефот на државата кој на таков начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво провери го сопственото ментално здравје“, кажа Ердоган.

Турскиот лидер пред две недели ги осуди како провокација изјавите на Макрон за „исламскиот сепаратизам“ и потребата исламот во Франција да се „структуира“.

Предлог законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, чија мета е радикалниот ислам, треба да се најде во парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларност и да се консолидираат републиканските принципи.

Но, планираната засилена контрола на финансирањето на џамиите и забраната за школување на имамите во странство може да доведат до тензии во односите со Турција.

Тоа е најновото во долагата низа несогласувања на Макрон и Ердоган, кој често се поставува како заштитник на муслиманските малцинства во Европа и во светот.

Меѓу прашањата за кои Анкара и Париз имаат дијаметрално спротивни ставови се прашања на нафтата и гасот во Средоземното Море, Либија, како и конфликтот во Нагорно Карабах.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе