Остра порака на турскиот претседател до францускиот колега

Ердоган до Макрон: Ќе имате многу повеќе проблеми со мене

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган остро му одговори на претседателот на Франција Емануел Макрон на критиките на турските активности во источниот Медитеран на кои се противат Грција и Европската Унија.

EPA-EFE

„Ќе имате многу повеќе проблеми со мене, не се плеткајте со турската нација и со Турција“, му порача Ердоган на Макрон.

Макрон вчера кажа дека Европа треба да биде „јасна и гласна“ кон Ердогановата влада поради нејзините потези.

Франција и Турција, двете членки на НАТО, спорат околу ембаргото на оружје на Либија и ситуацијата во источниот Медитеран, каде Париз застана на страната на Грција и Кипар, членките на ЕУ.

Атина и Никозија ја обвинуваат Турција дека бара наоѓалишта на нафта и гас во нивните територијални води, додека Анкара наведува дека има еднакви права како и тие на ресурсите во тие води.

Ердоган истакна дека Париз нема право да ја критикува Турција, имајќи го предвид француското колонијално минато.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе