ЛИЧНО ГО НАПАДНА ГАБРИЕЛ

Ердоган до германскиот министер: Кој си ти да му се обраќаш на турскиот претседател?

„Не знае за граница! Кој си ти да му се обраќаш на претседателот на Турција? Знај ги своите граници! Тој се обидува да нѐ научи лекција ... Од кога се занимаваш со политика? Колку години имаш?"

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел „да ги знае своите гранци“, откако го обвини турскиот претседател за мешање во германските избори.

Габриел го осуди „мешањето“ на Ердоган во германската изборна кампања откако Ердоган ги повика Турците во Германија да не гласаат за најголемите германски партии, бидејќи тие се „непријатели на Турција“, пренесе АФП.

„Научете ги на лекција на изборите во Германија“, рече тој. „Тие водат кампања против Турција. Гласајте за оние кои немаат непријателство кон Турција“.

Тој додаде: „За нас не е важно дали Германија ќе ни ги отвори вратите или не. Имаме доволно врати“.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе