„Со овие операции, чекор по чекор, ние сме решени да го направиме секој сантиметар од нашата земја безбеден, почнувајќи веднаш зад границите“, рече Ердоган.
Покрај операцијата во Сирија и Ирак, Ердоган говореше и за енергетската ситуација во Европа и Турција.
Тој истакна дека додека европските земји се прашуваат како ќе ја преживеат зимата поради енергетската криза, Турција со олеснување влегува во зимата.
На 20 ноември Турција започна воздушни напади врз позициите на припадниците на ИПГ и ПКК во северниот дел на Сирија, а по терористичкиот напад во центарот на Истанбул.
Покрај воздушната операција, турскиот претседател најави и копнена операција во догледно време.
„Нашите операции со авиони и беспилотни летала се само почеток. Нашата решеност да ја обезбедиме целата наша јужна граница со соодветна безбедна зона е посилна од кога било досега. Додека продолжуваме со воздушните напади, ќе се справиме со терористите на теренот во најпогодно време за нас“, изјави Ердоган.