„Исклучително важна посета“

Ердоган денес за првпат во Грција како турски претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети денес Грција, а се претпоставува дека темите на разговорите со грчките претставници ќе бидат фокусирани на емигрантската криза, регионалните односи, енергетиката и бизнис врските.

За време на престојот на Ердоган во Грција ќе бидат засилени мерките на безбедност, а тој ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, како и со припадници на муслиманското малцинство на североистокот на Грција, пренесува Асошиејтед прес.

Истовремено, грчките власти објавија дека за време на посетата на Ердоган забраниле демонстрации во центарот на Атина.

„Ова е посета од исклучително големо значење“, истакна портпаролот на грчката влада и додаде дека тоа е прва посета на Ердоган на Грција како претседател.

Ердогановиот портпарол Ибрахим Калин на новинарите им кажа дека Турција се надева дека посетата ќе ги развие и продлабочи врските на двете соседни земји, како и дека двете држави „презеле голема одговорност во решавањето на проблемот со миграцијата“.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе