АКП ПОБЕДИ, НО БЕЗ АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО

Ердоган да си ги намали амбициите, Курдите првпат влегоа во турскиот парламент

Надежите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да преземе поголема моќ беа уништени вчера, кога неговата владејачка АК партија не успеа да освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори, покажаа прелиминарните резултати.

Врз основа на 99,9 отсто изброени гласови, АКП освои 41 отсто од гласовите, што е резултат со кој, првпат откако дојде на власт пред повеќе од една деценија, ќе треба да се мачи за да формира стабилна влада.

Прокурдската Демократска народна партија (ХДП) беше на пат да освои повеќе од 12 отсто од гласовите, што значи дека првпат успеа да влезе во парламентот, што било прославено во курдскиот југоисток.

Се очекува дека ХДП ќе има околу 80 места во парламентот, кој има 550 места. Лидерот на ХДП, Селахатин Демирташ, веднаш синоќа ја отфрли можноста неговата партија да влезе во коалициона влада со АКП на Ердоган. „Дискусијата за извршно претседателство и за диктатурата заврши на овие избори“, рече тој.

Врз основа на синоќа објавените резултати, секуларната Републиканска народна партија (ЦХП) повторно ќе биде втора по големина партија во парламентот, со околу една четвртина од гласовите. Мурат Карајалчун, претседател на партијата во Истанбул, рече дека исходот од изборите претставува „јасно не“ за извршниот претседателски систем, за кој се залагаше Ердоган.

Десничарската Партија националистичко движење (МХП) се сметаше за најверојатен коалициски партнер на АКП ако освои околу 17 отсто од гласовите, но еден официјален претставник од АКП рече дека коалицијата со МХП е малку веројатна и дека владејачката партија би одела сама и би се обидела да изгради поддршка наспроти новите предвремени избори.

Инаку, турскиот парламент по вчерашните избори ќе има рекорден број жени-пратеници - вкупно 96, што е значително повеќе од минатиот состав, кога имаше 79 жени.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе