СРЕДЕ ЖЕСТОКИТЕ ПРОТЕСТИ

Ердоган: Чистењето на паркот Гези е моја должност (ФОТО)

Илјадници луѓе се собрале во Истанбул во знак на поддршка за турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган додека тој одржувал говор во еден парк недалеку од плоштадот Таксим. Во меѓувреме полицијата продолжила да употребува солзавец и водени топови против демонстрантите во Истанбул.

„Расчистувањето на паркот Гези е моја должност“, изјавил Ердоган пред насобраната толпа поддржувачи.

Водачот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) им се обратил на своите поддржувачи на плоштадот Казличешме, како дел од официјалниот почеток на партиската кампања за локалните избори, кои треба да одржат во март следната година.

„Оние што се прашуваат што е тоа што се случува во Турција треба подобро да го погледнат Казличешме, во Истанбул“, рече Ердоган.

Тој, исто така, остро ги критикувал меѓународните медиуми за прикажувањето „лажна“ слика за Турција и ги повикал турските граѓани да не веруваат во „лагите“ на странските медиуми, пренесува Раша тудеј.

„Ние ќе ги утврдиме провокаторите од социјалните медиуми еден по еден“, предупредил премиерот.

Надвор од плоштадот, полицијата продолжила да користи силен солзавец и водени топови за да ги растера антивладините демонстранти, кои се обидуваат да се соберат во населбите во близина на плоштадот Таксим.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе