Ердоган бара екстрадиција на политичките противници од БиХ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им дал еден вид сметка на претставниците на власта во БиХ за политичката и финансиска поддршка од Турција побарувајќи од Сараево да ѝ ги испорача на Анкара турските државјани за кои режимот на Ердоган тврди дека се блиски до организацијата Фето, која ја сметаат за терористичка и одговорна за обидот за државен удар во 2016, оценуваат босанскохерцеговските медиуми.

Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик потврди дека темата била на дневниот ред на разговорите на државниот врв на БиХ со Ердоган во понеделникот, кога тој беше во посета на Сараево.

Додик, кој во последно време за Ердоган зборува само во суперлативи, не кажа како разговорот за директното барање на турскиот претседател завршил, објаснувајќи дека станува збор за барање кое ќе се решава согласно со законите.

Додаде дека сите лица кои ги бараат турските власти се на територијата на БиХ, порачувајќи дека нема намера лично со тоа да се бави.

Јавниот сервис БХТ 1 објави дека Турција всушност бара десет свои државјани кои ги обвинува за врски со движењето на чие чело е Фетула Жулен, свештеникот кого Ердоган го смета за свој смртен непријател.

Судот на БиХ претходно беше соочен со слични барања за екстрадиција, но ги одби врз основа на оценката дека Фето не е на ниедна верифицирана листа на терористички организации и дека припадноста на организацијата не може да се смета за кривично дело согласно меѓународните стандарди.

Турските државјани за кои станува збор се главно претприемачи кои со години престојуваат во БиХ, но и лица ангажирани во образовни институции.

Турските власти на сите им ги поништија пасошите од таа држава па нивната судбина сега зависи од тоа дали БиХ, во која имаат одобрен постојан престој, ќе им одобри политички азил.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе