Ердоган: Бајденовото признавање на геноцидот е неосновано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека признавањето на геноцидот врз Ерменците од страна на американскиот претседател Џо Бајден има разочарувачки ефект врз турско-американските односи и го оцени признавањето како неосновано.

EPA-EFE

„Џо Бајден даде неосновани, неправедни и нереални изјави кога во саботата го призна ерменскиот геноцид“, им изјави Ердоган на новинарите по седница на владата во Анкара.

Бајден во соопштението напиша дека Американците им оддаваат чест на сите Ерменци кои настрадале во геноцидот пред 106 години. Ердоган оцени дека таа изјава има разорен ефект врз односите на двете земји.

Бајден е првиот американски претседател кој смртта на милион и пол Ерменци убиени од страна на Османлиското царство во 1915 година го нарече геноцид. Со тоа предизвика гнев на Турција. Дваесетина земји и бројни историчари го признаваат ерменскиот геноцид кој Турција упорно го негира.

Ерменците сметаат дека единиците на Османлиското царство за време на Првата светска војна систематски убиле милион и пол нивни земјаци и секоја година на 24 април го одбележуваат геноцидот. Турција ги признава масакрите, но одлучно го одбива терминот геноцид и зборува за граѓанска војна во Анадолија и голем глад кои заедно биле причина за смртта на меѓу 300.000 и 500.000 Ерменци и исто толку Турци.

„Ако зборувате за геноцид, мора да се погледнете во огледало. Не треба да ги спомнувам Индијанците, тоа веќе го знаеме. Кога сето тоа е познато, не можете да ја обвинувате Турција за геноцид“, му порача Ердоган на Бајден.

„Обвинувањата за геноцид се толку чувствителни што не смеат да се користат во политички цели“, заклучи турскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе