„За време на дводецениското присуство на американската војска во Авганистан, регионот не беше воопшто побезбеден. Напротив, секој ден беше покрвав“, кажа Ердоган за Си-би-ес за време на престојот во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој кажа дека САД мора да го преиспитаат дводецениското присуство, но и заминувањето од Авганистан.
Ердоган кажа дека Турција веројатно би можела да ја преземе улогата за обезбедување на аеродромот во Кабул, но под услов САД да обезбедат логистичка и финансиска поддршка, но и трансфер на оружје и муниција во Турција.
„Меѓутоа, во Авганистан се случи друго нешто – оружјето, муницијата и оклопните возила паднаа во рацете на талибанците и сега талибанците располагаат со американско оружје“, додаде Ердоган.