Ердоган: Авганистан не беше побезбеден додека САД беа таму

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека „Авганистан не беше побезбеден додека во таа земја беше американската војска“.

EPA-EFE

„За време на дводецениското присуство на американската војска во Авганистан, регионот не беше воопшто побезбеден. Напротив, секој ден беше покрвав“, кажа Ердоган за Си-би-ес за време на престојот во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој кажа дека САД мора да го преиспитаат дводецениското присуство, но и заминувањето од Авганистан.

Ердоган кажа дека Турција веројатно би можела да ја преземе улогата за обезбедување на аеродромот во Кабул, но под услов САД да обезбедат логистичка и финансиска поддршка, но и трансфер на оружје и муниција во Турција.

„Меѓутоа, во Авганистан се случи друго нешто – оружјето, муницијата и оклопните возила паднаа во рацете на талибанците и сега талибанците располагаат со американско оружје“, додаде Ердоган.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе