Ердоган: Атина ќе плати за протерувањето на либискиот амбасадор

Меморандумот за разбирање со кој наводно се дефинира поморската граница меѓу Турција и Либија предизвикува „сериозна загриженост“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел.

Изјавата доаѓа непосредно пред средбата на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ во Брисел.

„Јасно е дека тој документ создаде сериозна загриженост. Изразуваме солидарност и им пружаме поддршка на Грција и на Кипар“, изјави Борел и додаде дека меморандумот е проблематичен за тие две земји и дека може да претставува проблем за грчките острови, пренесува Катимерини.

Според Борел, властите на ЕУ сѐ уште го истражуваат.

„Очекуваме да заземеме став по анализата на содржината на меморандумот за разбирање, кој до пред неколку дека беше, ако не тајна, тогаш непознат“, кажа Борел.

Меморандумот, кој го одобри турскиот парламент минатата недела, ги зајакна тензиите меѓу Турција и Грција, Кипар и Египет, а по повод правата на дупчење на нафта и гас во источниот Медитеран.

Грција минатата недела го протера либискиот амбасадор во Атина бидејќи не ја откри содржината на договорот.

Турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека одлуката на Грција да го протера амбасадорот на Либија поради договорот меѓу Триполи и Анкара за поморските граници е меѓународен скандал и дека Атина „ќе ја плати цената за тој потег“.

Тој за државната телевизија ТРТ хабер кажа дека според договорот, Турција и Либија можат заедно да изведуваат операции во источниот Медитеран, пренесува Катимерини.

Ердоган додаде дека Турција ќе набави уште еден брод за дупчење за да ги продолжи активностите во Медитеранот, но и во Црното Море и во меѓународните води.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе