Ердоган: „Арапските земји кои го поддржаа Трамповиот план извршија предавство на Ерусалим“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нарече „предавство" одлуката на неколку арапски земји да го поддржат новиот „блискоисточен мировен план" на Доналд Трамп.

„Некои арапски земји кои го поддржаа таквиот план извршија предавство против Ерусалим, против сопствениот народ и што е уште поважно, против целото човештво“, рече Ердоган пред членовите на својата партија во Анкара, пренесе Тајмс оф Израел.

Ердоган, кој ревносно се залага за правата на Палестинците, ги издвои Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Оман.

„Саудиска Арабија првенствено зошто молчиш? Кога ќе проговориш? Го гледате Оман, Бахреин и исто Абу Даби“, рече турскиот претседател.

„Срам да ви е! Срам да ви е! Како тие раце што аплаудираа (на планот) ќе одговараат за овој предавнички чекор?“, додаде Ердоган.

Односите на Анкара со Ријад и Абу Даби се влошија во 2018 година поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Анкара во повеќе наврати тврдеше дека колумнистот на Вашингтон пост е убиен по наредба на саудиското раководство, кое негира вмешаност.

Во вторникот американскиот претседател претстави детали за долгоочекуваниот план со цел решавање на израелско-палестинскиот конфликт, велејќи дека Ерусалим ќе остане „неподелен главен град“ на Израел.

Ерусалим веќе е извор на тензии меѓу Турција и САД, кои во 2017 година го прогласија за главен град на Израел и таму ја преместија својата амбасада.

Планот беше целосно отфрлен од палестинската власт, додека неколку арапски земји велат дека треба да биде основа за преговори.

„Никогаш нема да го признаеме или прифатиме тој план, кој целосно го присвојува Ерусалим. Ерусалим не може да се остави во крвавите канџи на Израел“, рече Ердоган.

Ердоган најави дека ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со лидерот на палестинското движење Хамас, Исмаил Хани.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе