Ердоган: „Ако Вашингтон не ни дава авиони, ќе купуваме руски“

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган не ја исклучи можноста за набавка на руските авиони Су-35 и Су-57 наместо американските Ф-35.

Тоа ќе го направи доколку Вашингтон донесе дефинитивна одлука за стопирање на испораката на своите авиони на Анкара.

„Зошто да не? Не допатувавме само така. Ќе ја донесеме одлуката откако ќе ја дознаеме конечната одлука на Америка околу авионите Ф-35. Нема никаква загриженост околу тоа прашање. Пазарот е голем“, им кажа Ердоган на турските новинари.

Ердоган придружуван од рускиот претседател Владимир Путин го посети воздухопловниот саем МАКС-2019 во Москва, каде покажа интерес за руските борбени авиони.

САД ѝ се заканија претходно на Турција дека ќе ја стопираат испораката на Ф-35 во случај Анкара од Москва да ги купи противвоздушните ракетни системи С-400.

Иако првата фаза од испораката на ракетните системи е веќе реализирана, Америка сѐ уште нема донесено конечна одлука за испораката на своите авиони на Турција.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе