Обвинителството отвори истрага

Ербас осомничен дека оддавал тајни на германската војска

Германското обвинителство отвори постапка поради сомнеж дека работници на Ербас „на трета страна“ ѝ отстапувале документи за два проекти на германската војска. Ако обвиненијата се потврдат, големиот произведувач на авиони би можел да биде во неволја.

Засега станува збор само за сомнеж. Но, доколку се потврди дека е вистина, тоа би можел да биде шпионски случај со огромни последици. Бидејќи сепак станува збор за Бундесверот и најголемиот европски воздухопловен концерн Ербас, кој покрај цивилните произведува и воени авиони, пишува Дојче вече.

Се сомнева дека вработени на концернот нелегално дошле во посед на плановите на Бундесверот за два проекти за вооружување и му ги предале на трето лице. Очигледно станува збор за нов воен комуникациски систем.

Јавното обвинителство кажа дека станува збор за оддавање државна или бизнис тајна, но не и воена тајна. Изгледа дека не станува збор за тајна од највисоко безбедносно значење.

Ни во државното обвинителство, ни во Будесверот изгледа сѐ уште не знаат за кои документи станува збор. Во Ербас се прилично сигурни дека станува збор за „два релативно мали проекти на одбранбена комуникација и дека не се погодени големите проекти – воените авиони, беспилотните летала или пак вселенските патувања“.

Ербас на тој начин сака да го намали военото значење на оддадените тајни. Сепак, и портпаролката на германското државно обвинителство се обиде да ги смири страстите кога кажа: „Документите се на најниско ниво на тајност“.

Во Ербас велат дека нема ништо необично во тоа што во компанијата имаат увид во германските воени планови. Но, сепак би морало да биде точно документирано каде точно Ербас има увид, што во овој случај не било направено.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе