Ерата на Нетанјаху заврши, изгласана ѝ е доверба на новата израелска влада

Израелскиот парламент, Кнесетот, гласаше за новата израелска влада, со која ќе раководи Нафтали Бенет. Се одржа првата седница на новата влада.

Фото: ЕПА

Со ова ќе заврши владеењето на Бенјамин Нетанјаху, кој беше премиер најдолго во историјата на земјата, 12 последователни години и вкупно 15 години.

60 од вкупно 120 пратеници гласаа за таканаречената влада на промени, а 59 беа против.

Еден пратеник од партијата на израелските Арапи, која е во владејачката коалиција, се воздржа од гласање, објавија израелските медиуми.

Пратениците претходно за нов претседател го избраа Мики Леви од партијата на центарот Има иднина (Јеш атид).

Тој го замени Јарив Левин од конзервативниот Ликуд на Нетанјаху.

Бенет, кој ќе биде првиот премиер во ротирачката влада, беше соработник на Нетанјаху, а сега му е остар противник.

Тој ја предводи десничарската партија Јамина и ќе претседава со кревката, шаренолика коалиција од осум партии, кои длабоко се разликуваат идеолошки.

По две години, Бенет на функцијата премиер ќе биде заменет од Јаир Лапид, поранешен лидер на опозицијата и лидер на партијата Јеш атид.

Нетанјаху ќе остане на чело на Ликуд и ќе биде новиот лидер на опозицијата.

Со вчерашното гласање заврши двегодишната политичка парализа за време на која се одржаа четири круга избори без јасен победник.

Новиот израелски премиер, Нафтали Бенет, првиот ортодоксен Евреин на чело на израелската влада, ја почна првата седница на својот кабинет во неделата вечер со традиционалниот благослов за нов почеток, оценувајќи дека сега е време да се надмине јазот во нацијата.

Тој рече дека земјата е на почеток на нови денови, обраќајќи им се на министрите откако тие дадоа заклетва.

„Сите граѓани на Израел сега гледаат во нас и бремето на докажување е врз нас. Ние сите мора, за да успее овој фасцинантен процес, да знаеме како да се воздржиме во идеолошките прашања“.

Јаир Лапид, новиот шеф на дипломатијата, кој за две години ќе го замени Бенет на премиерската функција, рече дека „пријателството и довербата“ изградиле нова влада и дека тоа ќе ја одржи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе