Епстајн го потпишал тестаментот два дена пред самоубиството

Нови судски документи покажуваат дека милионерот педофил Џефри Епстајн, кој беше осомничен во сексуалниот скандал со подведување малолетнички, го потпишал тестаментот само два дена пред да си го одземе животот во затворот на Менхетн.

Документите покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но се објавени детали за наследниците, јавува Асошиејтед прес.

Адвокатска фирма ја потврди автентичноста на тестаментот, кој прв го објави Њујорк пост.

Неколку наводни жртви на Епстајн најави дека ќе бараат да се заплени неговиот имот и да се подели како надомест на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура.

Епстајновиот адвокат Вилијам Блум кажа дека сите барања во врска со распределбата на имотот на милионерот педофил ќе бидат „праведно решени“.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе