понеделник, 8 декември 2025

Епидемиолошка енигма: што се случува во Израел?

Објавено на

часот

Сподели

Експертите сѐ уште не излегле со оценки за ситуацијата бидејќи е крајно деликатна, па дури и малку застрашувачка, затоа што Израел вакцинираше многу значаен дел од населението не само со третата, туку и со четврта доза од вакцината Фајзер, а сепак во омикрон-бранот имаа далеку поголема експлозија на случаи од просекот на ЕУ или САД.

Во моментов, се чини дека се зацврсти трендот на брз пад на случаите, но сега им расте кривата на смртност.

Во бранот омикрон Израел во еден ден изброи неверојатни 10.968 случаи на милион, што е 4 пати повеќе од врвот на омикрон-бранот во ЕУ или 5,5 пати повеќе од највисокиот регистриран број во САД.

Израелските податоци сега покажуваат дека воопшто нема сомнеж дека дури и третата и четвртата доза не се гаранција за запирање на ширењето на инфекцијата.

Дури се поставува прашањето и дали големиот јаз меѓу третата и четвртата доза на некој начин поврзан е со забрзувањето на инфекцијата затоа што Израелците можеби премногу се опуштиле верувајќи во бустерите, или пак е во прашање нешто сосема друго.

Што се однесува на бројот на починати во Израел, ситуацијата сѐ уште не е толку драматична, но очигледно е дека бројката сѐ уште е во силен тренд на раст и веќе ги надминаа ЕУ и САД по дневниот број на починати.

Во средината на оваа недела, според Џерусалим пост, направени се повеќе од 200.000 теста, а дури 29 отсто биле позитивни.

Во моментов тие изброиле вкупно нешто повеќе од 9.000 смртни случаи, но сега тој број почна да се зголемува за по стотина дневно. Најпознатите клиники се полни меѓу 90 и 108 проценти. Повеќе од 6.100 лекари и медицински сестри се во изолација.

Во болниците никогаш немало повеќе пациенти. Од речиси 6.000 хоспитализирани, дури 47 отсто се во критична состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ