Властите се обидуваат да го најдат „првиот пациент“

Епидемијата во Италија е најголемата надвор од Азија - што се случува? (ВИДЕО)

Бројот на заразените од новиот коронавирус во Италија значително се зголеми за само три дена.

Веќе вчера во Италија беа заразени 152 лица, со што земјата се најде на четвртото место во светот по бројот на заразени, а прва надвор од Азија.

Кина, со повеќе од 78.800 заразени лица, сè уште е на првото место, потоа следува Јужна Кореја, со 602 заразени, а трета е Јапонија со 738 заболени од коронавирусот. Италијанската епидемија сега е првата голема епидемија надвор од Азија.

Италијанските власти воведоа драконски мерки со кои се обидуваат да ја запрат епидемијата на коронавирусот на северот на земјата, вклучително и изрекување казни за секој што ќе биде фатен да влегува или да излегува во областите со епидемија, откако вчера беше потврдено дека починало трето лице.

Најголем дел од заразените во Италија се во густо населените места околу Милано, а властите ги затворија училиштата и го откажаа Венецискиот карневал, кој секоја година привлекува туристи од целиот свет.

Модната недела во Милано, исто така, беше погодена од епидемијата. Џорџо Армани, чие шоу беше закажано за вчера во 16 часот, во саботата вечер објави дека гостите не треба да доаѓаат на местото на настанот. Наместо тоа, колекцијата ѝ беше прикажана на празна просторија.

Поради наглиот пораст на бројот на заразените, италијанската влада одлучи да го блокира пристапот до градовите и општините во кои има најмногу заболени.

Блокиран е пристапот до градовите во регионите Ломбардија и Венета.

Во 11-те града што се ставени во делумен карантин на улиците патролира полиција, главно во Ломбардија, каде што се појави првиот локално заразен случај.

Властите допрва треба да го пронајдат првиот носител на вирусот во земјата. „Сè уште не можеме да го идентификуваме првиот пациент, така што е тешко да се предвидат можни нови случаи“, рече Анџело Борели, шеф на Агенцијата за граѓанска заштита на земјата.

Во Италија три лица починаа од коронавируси. Две лица, маж и жена, беа постари луѓе, а вчера почина жена чија возраст не е откриена.

 

„Прозорецот на можности се стеснува“

Ситуацијата го зголеми стравот од масовна епидемија надвор од континентална Кина меѓу луѓе што немаат никаква врска со Кина ниту со градот Вухан - жариштето на епидемијата.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, во саботата повтори дека сè уште постои шанса да се спречи ширењето на вирусот надвор од Кина, „но прозорецот на можности се стеснува“.

„Иако вкупниот број на заразените надвор од Кина останува релативно мал, ние сме загрижени за бројот на заразените без јасна епидемиолошка врска, како што е неодамнешно патување во Кина или контакт со заразен“, рече тој.

Подемот на заразените во Иран, Јужна Кореја и Италија „е исто така загрижувачки и како вирусот сега се шири во другите делови на светот“, додаде Тедрос.

Во светски рамки од коронавирусот починаа 2.465 луѓе, 79.930 се заразени, а 20 смртни случаи се пријавени надвор од Кина.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе