Само привремено

Епидемијата на коронавирусот има позитивен ефект врз животната средина

Додека Кина се бори со една од најсериозните вирусни епидемии на овој век, влијанието врз енергетската побарувачка и емисиите на земјата допрва почнува да се чувствува.

Епидемијата на новиот коронавирус, која ја парализира кинеската економија, игра позитивна улога врз животната средина, бидејќи емисиите на јаглерод диоксид во Кина во последните две недели се намалени за најмалку 100 милиони кубни тони.

Ова е скоро шест проценти од глобалните емисии во споредба со истиот период минатата година. Ова се резултати од студијата објавена во средата од страна на финскиот Центар за истражување на енергијата и на чистиот воздух (КРЕА).

Брзото ширење на новиот коронавирус, кој уби повеќе од 2000 во Кина и зарази повеќе од 74.000 луѓе, резултираше со пад на побарувачката за јаглен и нафта и, како последица на тоа, пад на емисиите на јаглерод диоксид, се вели во студијата објавена на британската веб-страница Карбон бриф.

Побарувачката на електрична енергија и индустриското производство заостануваат далеку под нивните вообичаени нивоа во низа индикатори, од кои голем број се на најнизок двонеделен просек последниве неколку години. Ова ги вклучува: употребата на јаглен во електроенергетските станици, кои пријавуваат најниски дневни нивоа во последниве четири години; стапките на работа на нафтената рафинерија во провинцијата Шандонг се на најниско ниво од 2015 година; производството на главните челични производствени линии е на најниско ниво последниве пет години; нивоата на загадување на воздухот со азот диоксид над Кина се намалени за 36% во однос на истиот период минатата година, а домашните летови се намалени за 70% во однос на минатиот месец.

Според ова, мерките за спречување на ширењето на коронавирусот резултирале со намалување на производството од 15% до 40% во клучните индустриски сектори. Ова веројатно збришало една четвртина или повеќе од емисиите на јаглерод диоксид во земјата во текот на изминатите две недели, период кога по новогодишниот празник на Кинезите активностите обично ќе продолжеа.

Еколозите предупредуваат дека намалувањето е само привремено.

„Откако коронавирусот ќе стивне, веројатно ќе се соочиме со зголемено производство, кое ќе настојува да ги надомести загубите. Ова е, за жал, проверен терк“, рече Ли Шуо, советник за политика на кинескиот Гринпис.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе