Епидемија на сипаници во Самоа: Невакцинираните пред својот дом мора да постават црвено знаме

Семејствата кои не се вакцинирани против сипаници во Самоа, пред својот дом мора да постават црвено знаме за да помогнат во борбата против епидемијата во таа пацифичка држава, пренесува Би-би-си.

Знамињата ќе им помогнат на мобилните медицински тимови во вакцинирањето на граѓаните.

Тамошната влада наведе дека повеќе од 4.000 луѓе се заразени со сипаници, а вкупното население на островите е нешто помалку од 200.000.

Болеста уби 60 лица, од кои многу се деца помлади од 5 години.

Владата на Самоа минатиот месец прогласи вонредна состојба како начин за борба против епидемијата, а вакцинацијата стана задолжителна.

Сите училишта се затворени, а на поединци помлади од 17 години не им е дозволено да присуствуваат на јавни собири.

Според официјалните податоци, стапката на вакцинација достигнала 55%, а целта на премиерот Туилапе Саилелеа Малиелегоја е тој број да биде повисок од 90%.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе