ЕП: „Русија е главниот дезинформатор, ги крши темелите на европските демократии“

Европските пратеници предупредуваат дека главен извор на дезинформации во Европа претставуваат пропагандните кампањи на Русија, но и на Кина, Иран и Северна Кореја.

Европскиот парламент најостро ги осуди сè поагресивните активности на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, „кои сакаат да ги нарушат темелите и принципите на европските демократии, како и суверенитетот на сите земји од источното партнерство“, се вели во соопштението.

Со оглед на неодамнешните напори на ЕУ да се спротивстави на непријателската пропаганда на „третата страна“, пратениците ги повикуваат земјите-членки да го разгледаат развојот на силна правна рамка на ниво на Унијата и на меѓународно ниво за борба против овие закани.

Во резолуцијата, усвоена од 469 пратеници, ЕП сака да ја подигне свеста за руските пропагандни кампањи, бидејќи тие се „главен извор на дезинформации во Европа“.

Земјите-членки се повикуваат да ги изменат изборните закони, што ќе им овозможи проактивно да се спротивставуваат на заканите кои доаѓаат од ширењето на дезинформации, сајбер-напади и кршење на слободата на изразување за време на гласањето.

Пратениците остро го осудуваат мешањето на трети страни во изборите и референдумите, а ЕУ треба да ги поддржи и земјите од Западен Балкан да ги заштитат своите изборни процеси од малициозни пропагандни активности.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе