Страшна причина за повлекувањето од Сирија

Ен-би-си: Трамп се согласил да ги предаде Курдите за да го откачи гневниот Ердоган на телефон

Зошто Трамп се согласил да ги повлече американските војници од Сирија за да ѝ дозволи на Турција да изврши ограничен воен напад во регионот? Според еден извештај, тоа можеби делумно било за да прекине еден непријатен телефонски разговор.

Американската телевизија Ен-би-си откри застрашувачка и импулсивна причина зошто претседателот Доналд Трамп ги напушти курдските сојузници и ги доведе во опасност од етничко чистење од турските сили.

Белата куќа ненадејно објави дека американските трупи повеќе нема да ги штитат Курдите во северна Сирија, отворајќи ја вратата за долго планираниот турски напад, по телефонскиот разговор со лутиот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ен-би-си њуз дознал дека повикот првично бил прифатен за да се смири сè поголемиот бес на Ердоган поради тоа што не се видел на само со претседателот Трамп минатиот месец на Генералното собрание на Обединетите нации.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека Трамп се сретнал со дузина лидери за време на настанот, па едноставно немал време да се види со сите.

Ограничената агенда на Трамп турскиот лидер ја сфатил како навреда и инсистирал тие да се слушнат телефонски. Кога се слушнале, Трамп се обидел да ги смири работите нудејќи му посета во Белата куќа - но ни тоа не го смирило Ердоган, кој инсистирал да ја спроведе долго планираната воена операција во северна Сирија.

Според телевизијата, во обид да го смири Ердоган, Трамп рекол дека за него е прифатлив „умерен упад“ во Сирија, како што е расчистување безбедна зона, но му рекол на Ердоган дека американските трупи ќе се повлечат целосно од Сирија доколку Турција почне големи борбени операции.

„Значи, извештајот на Ен-би-си њуз е дека во основа Доналд Трамп сакал да го откачи Ердоган на телефон, затоа што овој бил бесен што не се видел лице во лице со него овде во Њујорк пред неколку недели, па рекол, 'Океј, влегувај во Сирија', рече денеска во ТВ-емисија новинарот на Ен-би-си Вили Гејст.

Двете големи американски партии ја осудија одлуката на Трамп да ги повлече американските трупи од Сирија за да се овозможи упад од страна на Турција, особено затоа што курдските војници што Ердоган ги напаѓа им беа сојузници на Американците во борбата против ИСИС. И демократските и републиканските пратеници го критикуваа потегот.

Трамп се обиде да ја одбрани својата одлука во постови на социјалните мрежи, тврдејќи дека „тој е избран за да излезе од тие смешни бескрајни војни, каде што нашата одлична војска функционира како полициска операција во корист на луѓе што дури не ги ни сакаат САД.“

Но подоцна, по бранот критики од републиканците, Трамп на Твитер се обрати со поинаков тон кон Турција: „Како што и претходно имам жестоко изјавувано, и само за да повторам, ако Турција направи нешто за што јас, во мојата голема и неспоредлива мудрост, сметам дека ги преминува границите, јас тотално ќе ја уништам и збришам економијата на Турција (го имам правено тоа!)“.

„Дури и Трамп почнува да сфаќа дека можеби не се справил добро со ова и можеби се обидува да се повлече“, рече еден бивш официјален претставник на Белата куќа. „Мислам дека ќе видиме веслање наназад.“

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе