Европската агенција за лекови

ЕМА: Вакцинираните со Астразенека треба да ја примат и втората доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека оние што ја примиле првата доза на вакцината против ковид-19 на Астразенека, треба да ја примат и втората, и покрај слабиот ризик од згрутчување на крвта.

Фото: ЕПА

Во новите упатства, регулаторот на ЕУ за лекови рече дека луѓето треба да продолжат со втората доза на Астразенека четири до 12 недели по првата вакцина.

Агенцијата соопшти дека не е познато дали ризикот од ретко згрутчување на крвта по втората доза може да биде различен од оној предизвикан од првата вакцинација.

Во анализата на податоците од цела Европа за вакцинацијата со Астразенека, ЕМА изјави дека нема доволно информации за тоа кој е поподложен на формирање на невообичаените тромбови.

Претходно овој месец, ЕМА соопшти дека постои „можна врска“ помеѓу вакцината на Астразенека и ретките нарушувања на згрутчување на крвта, но дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците.

ЕМА претходно изјави дека згрутчувањето на крвта е „многу редок“ несакан ефект и посочи дека тоа треба да биде наведено и на етикетите.

Сè уште не е утврдено точно колку често се појавува згрутчувањето. Според податоците на Велика Британија, која најмногу ја користеше вакцината на Астразенека од сите земји, на крајот на март имало 30 такви случаи меѓу 18 милиони вакцинирани.

Минатиот месец, повеќе од десетина земји, претежно во Европа, престанаа да ја користат Астразенека поради проблеми со згрутчување на крвта.

Откако ЕМА издаде препорака дека може да продолжи да се користи, повеќето земји почнаа повторно да ја користат, но воведоа ограничувања за возраста, само за граѓаните над 60, односно 65 години, во зависност од земјата.

Агенцијата неделава идентификуваше слична можна врска помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината развиена од Џонсон и Џонсон. Како и со Астразенека, ЕМА соопшти дека треба да се додаде предупредување за формирање невообичаени тромбови на етикетата на вакцината, но посочи дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе