ЕМА: Премногу е рано да се зборува за приспособување на вакцините на новиот сој

Европската агенција за лекови соопшти дека е „прерано“ да се зборува за приспособување на антиковид-вакцините на новиот сој на ковид-19, забележан во Јужна Африка, поради што неколку земји во светот веќе го прекинаа или го ограничија воздушниот сообраќај кон јужниот дел на континентот.

Фото: ЕПА

ЕМА соопшти дека се потребни повеќе детали за да се види дали сојот, кој има многу мутации, може да ги избегне четирите вакцини моментално одобрени во ЕУ.

„Внимателно го набљудуваме сојот Б.1.21.529, кој неодамна се појави и кој има многу мутации во протеинот на ковид-19“, велат од ЕМА од Амстердам.

Новиот сој на вирусот откриен во Јужна Африка е потенцијално многу заразен, според јужноафриканските научници, и тие гледаат можност дека тој може да предизвика нов бран на пандемијата.

Европската агенција наведе дека сега е рано да се предвидува адаптација на вакцините за да се бори против тој нов сој, но доколку се покаже дека ја пробива нивната заштита и брзо се шири, би имало смисла да се стори тоа.

Денеска Белгија стана првата европска земја во која е регистриран еден случај со сојот омикрон, како што го нарече СЗО.

Европската комисија им препорача на земјите-членки да ги прекинат летовите од земјите во јужна Африка и другите земји погодени од појавата на сојот омикрон.

ЕМА досега одобри четири вакцини за возрасни во ЕУ – Фајзер / Бионтек, Модерна, кои користат информатичка технологија на РНК и Астразенека, Џонсон и Џонсон, кои користат технологија на аденовирус.

„Бионтек“ најави дека очекува да добие податоци за тоа колкава заштита дава нивната вакцина против новиот сој „за најмногу две недели“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе