Кралицата ја „матираше“ владата

Елизабета Втора го одобри законот кој спречува брегзит без договор

Предлог законот кој го обврзува пританскиот премиер Борис Џонсон да побара одложување на брегзитот доколку не биде постигнат договор, а кој е закажан за 31 октомври, денес стана закон со одобрување на британската кралица Елизабета Втора.

Согласноста на кралицата се смета за формалност откако законот беше усвоен во двата дома на британскиот парламент.

Законот е дизајниран да го спречи премиерот на Британија да ја изнесе земјата од Европската Унија без договор со останатите 27 членки.

Џонсон кажа дека нема да бара одложување на рокот. Тој исто така не го прифаќа договорот кој со ЕУ го потпиша неговата претходничка Тереза Меј, поради спорниот дел кој се однесува на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска. Тој договор беше повеќе пати одбиен во британскиот парламент.

Откако стапи на должноста Џонсон вети дека ќе ја изнесе Британија од ЕУ на 31 октомври со или без договор.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе