Картелот посилен од државата

Елитни војници патролираат по неуспешното апсење на синот на Ел Чапо (ФОТО+ВИДЕО)

Мексико испрати над 400 елитни војници да патролираат во северниот град Кулиакан, откако повеќе луѓе беа убиени за време на неуспешниот обид за апсење на синот на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Оваа операција на војничко ниво беше без преседан во долготрајната нарковојна во земјата, а по неа градот остана обвиен во чад и пепел и изрешетан со куршуми.

Бројот на загинатите во престрелките предизвикани од членовите на наркокартелот се зголеми на 13, соопштија властите на западната мексиканска држава Синалоа.

Државното обвинителство отвори истрага за 13 смртни случаи во градот Кулиакан, пренесува АП, додавајќи дека прво биле пријавени осуммина настрадани, иако сведоците тврделе дека ги има повеќе.

Пукањето се случи во Кулиакан откако армијата и полицијата се обидоа да го уапсат Овидио Гузман, синот на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.

Како одговор на неговото апсење во Кулиакан нагрнаа стотици силно вооружени следбеници на картелот Синалоа, кои пукаа со автоматски пушки, блокираа улици, палеа возила, накратко претворајќи го во заложник овој модерен град со околу милион луѓе на мексиканскиот пацифички брег.

Убијците од картелот дури ги опколувале и пукале во станбените згради каде што живеат семејствата на војниците.

Безбедносните сили на крај го пуштија Гузман за да избегнат понатамошно крвопролевање, бидејќи се собраа голем број членови на картелот.

Помладиот Гузман е баран под обвинение за трговија со дрога во САД.

„Се соочуваме со нова генерација на организиран криминал, која не ги почитува цивилите“, рече шефот на државната безбедност на Синалоа, Кристобал Кастањеда, за Ројтерс.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе