Колорадо

Ел Чапо во самица 23 часа на ден во затворот Супермакс (ВИДЕО)

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман влезе во затворот во Колорадо познат како „Алкатраз на Карпестите Планини“.

Таму почна да ја отслужува доживотната казна плус 30 години откако беше осуден за шверц на тони кокаин, хероин и други дроги во САД, како и планирање убиства.

Високообезбедениот затвор „Супермакс“, на 185 километри од Денвер, со околу 375 затвореници, е познат по тоа што никој не избегал од него откако беше отворен во 1994 година, објави Ројтерс.

Гузман се приклучи на листата на озлогласени криминалци како Тед Качински, познат како „Унабомбер“, кој преку писма-бомби уби тројца, а рани 23 лица, потоа учесникот во нападот на 11 септември Закарие Мусави, Тери Николс, осуден за бомбашкиот напад во Оклахома Сити и бомбашот од Бостонскиот маратон Џохар Царнаев.

Затворот е наречен „Алкатраз на Карпестите Планини“ по познатиот затвор во Сан Франциско, меѓу чии затвореници бил и гангстерот Ал Капоне.

Како и другите затвореници, Гузман најверојатно ќе биде затворен 23 часа на ден во самица, со тесен прозорец висок 107 сантиметри, поставен толку високо што низ него може да се види само небото.

Се очекува дека во неговата ќелија ќе има телевизор, а ќе може да гледа верски и образовни програми.

Специјални ограничувања се користат за да се спречат затворениците да шират влијание или да се закануваат од затвор.

Затворениците не можат да се движат низ затворското земјиште без придружба, а ги пребројуваат најмалку шест пати на ден.

Гузман во два наврати бегаше од мексикански затвори, а откако во 2017 година беше екстрадиран во САД, беше отсечен од надворешниот свет, бидејќи американските власти го држеа во самица во затвор со високо ниво на безбедност, и на судењето одеше придружен со голем број чувари.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе