Лондон

Еквадор ќе го протера Асанж од амбасадата

Еквадор е се поблиску до повлекување на азилот на основачот на Викиликс Џулијан Асанж и негово протерување од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Ова во саботата го објави американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд.

Претседателот на Еквадор Ленин Морено во петокот ја посети Велика Британија и се состана со официјални лица за да го заврши договорот според кој заштитата на Асанж би била укината, по што ќе биде предаден на британските власти, пишува Гринвалд на својата страница Интерсепт.

Асанж е во амбасадата на Еквадор од 2012 година, кога беше обвинет за сексуално злоставување во Шведска. Во амбасадата не може да биде уапсен.

Шведска во меѓувреме се откажа од обвинението, но Асанж верува дека ако тој ја напушти зградата, ќе биде екстрадиран во САД каде ќе биде сослушан во врска со активностите на Викиликс.

Извор близок до Министерство за надворешни работи на Еквадор за Интерсепт потврди дека договор за Асанж би требало да биде постигнат во следните неколку недели, ако веќе тоа не се случило.

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе