Човекови права еднакви за сите

Еквадор го одобри склучувањето на истополови бракови

Највисокиот суд во Еквадор во средата го одобри склучувањето на истополови бракови, што е важна пресуда за оваа традиционално католичка и конзервативна јужноамериканска земја.

Активистите за човекови и ЛГБТ права започнаа со прослава во главниот град Кито и пристанишниот град Гвајакил мавтајќи со знамиња во боите на виножитото кое го симболизира движењето за правата на ЛГБТ лицата.

Од уставниот суд порачаа дека браковите од ист пол се поддржани од пет судии, од деветте кои биле на сослушувањето зад затворени врати.

Еквадор, во кој црквата има силно влијание, вака им се придружи на Аргентина, Бразил и Колумбија во признавањето истополови бракови.

„Ова значи дека Еквадор станува порамноправен“, рече Кристијан Паула, адвокат од фондацијата Патка, која правно советува десетина истополови двојки кои сакаат да склучат брак во Еквадор.

„Оваа одлука признава дека човековите права важат за сите луѓе без дискриминација“, рече тој.

Четворицата судии кои не ја поддржаа одлуката рекоа дека за истополовите бракови да бидат признаени во државата, парламентот мора да расправа за измени во Уставот.

Густаво Медина, поранешен претседател на Врховниот суд, за АФП изјави дека властите на Еквадор се должни да се придржуваат кон одлуките на Уставниот суд кои се обврзувачки.

Еквадор ги признава животните партнерства за истополови парови од 2015 година, а актуелниот Устав на Еквадор бракот го дефинира како заедница на маж и жена.

Судиите кои го одобрија склучувањето на истополови бракови, рекоа дека својата одлука ја засноваат на идејата дека сите луѓе се еднакви.

Тие порачаа и дека сакаат да се спротивстават на секој вид на дискриминација.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе