Еквадор до основачот на Викиликс: Остави ја политиката, грижи се за мачката и чисти ја бањата

Еквадор ги заостри „куќните правила" и му нареди на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, наместо да коментира на интернет за политички прашања, да ја чисти својата бања и подобро да се грижи за своето домашно милениче мачката.

Асанж, кој од јуни 2012 година живее во Амбасадата на Еквадор во Велика Британија, веќе од претходно има одредени правила што мора да ги почитува. На пример, за да биде посетен од дипломатскиот персонал, три дена однапред треба да добие одобрение. Изречно му е забрането учеството во активности кои би можеле да се опишат како „политички“ или како „мешање во внатрешните работи на други држави“, пишува Гардијан.

Покрај тоа, иако еквадорската влада му дозволи користење на интернет за време на викенд, на основачот на Викиликс му е дозволено да користи само ви-фи од амбасадата и тоа само на својот личен компјутер и телефон.

Исто така, Еквадор во допис на шпански јазик, објавен на официјалните страници на владата на Еквадор, го предупредува Асанж дека ќе му се одземе и вдоми мачката ако не почне подобро да се грижи за неа.

„Тоа е речиси затворски режим“, изјави за Гардијан адвокатот на Асанж, Карлос Поведа.

Поведа додаде дека од понеделник Асанж нема интернет и не може да го прочита и разбере дописот бидејќи не е преведен од шпански.

Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада од 2012 година, кога беше обвинет за сексуален напад во Шведска. Тој побарал азил за да не биде уапсен по овие обвиненија. Иако Шведска, во меѓувреме, се откажа од обвинението, Асанж не сака да ја напушти зградата на еквадорската амбасада, бидејќи смета дека во тој случај ќе биде екстрадиран во САД, каде што ќе биде сослушан во врска со активностите на Викиликс.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе