Еквадор денес бира претседател. Ќе му се врати ли на социјализмот?

Еквадорците ќе гласаат во вториот круг на претседателските избори денес и ќе одлучат дали во следните четири години ќе ја задржат поддршката на слободниот пазар или ќе му се вратат на социјализмот од претходната деценија.

EPA-EFE

Левата опција, економистот Андрес Арауз победи во првиот круг во февруари и собра речиси 33 отсто од гласовите со ветувања за великодушно делење на пари и продолжување на политиката на својот ментор, поранешниот претседател Рафаел Кореја.

Неговиот соперник, банкар кој трет пат се кандидира за претседател Гијермо Ласо, вети отворање на нови работни места преку странски инвестиции и финансиска поддршка на земјоделскиот сектор. Ласо освои 20 отсто од гласовите.

Активистот на домородците Јаку Перез, кој тесно изгуби од Ласо и не влезе во вториот круг, ги повика поддржувачите да предадат неважечки ливчиња во знак на протест поради „изборната измама во првиот круг“.

„Гласањето ќе зависи од околу 15 отсто од гласачкото тело кое останува неодлучно“, кажа Франсис Ромеро, директор на анкетата Клик рипорт и додаде дека тој податок е „необично висок“.

„Неодлучните гледаат дека ниедна опција нема капацитет да ја извлече земјата од економската и здравствената криза во која се наоѓа“, истакна Ромеро.

Економијата на државата извозничка на нафта веќе беше ослабена поради ниските цени на сировата нафта кога настапи коронакризата, поради која третина од населението сега живее во сиромаштија, а невработени се половина милион луѓе.

Претседателот Ленин Морено, кој не се кандидираше повторно, воведе мерки на штедење во рамки на договорот за финансирање со Меѓународниот монетарен фонд во износ од 6,5 милијарди долари, но не успеа да ја придвижи економијата.

Најверојатниот кандидат за претседател, 36-годишниот Арауз понуди да подели илјадници долари на милиони осиромашени семејства штом ја преземе функцијата, како и да им пружи бенефиции на младите, а една од нив ќе биде бесплатен пристап до интернет.

Странските инвеститори кои имаат еквадорски обврзници внимателно ги следат неговите планови. Некои од нив изразија загриженост поради големите планови за трошење и покрај лошите финансии на владата.

Ласо се обиде да го ублажи својот конзервативен имиџ ветувајќи борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и јакнење на заштитата на правата на животните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе