Еквадор: „Британците дадоа гаранција, Асанж може да си оди“

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено изјави дека Британија дала гаранција дека Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во некоја земја каде што би се соочил со смртна казна.

„Патот е отворен за Асанж да одлучи да ја напушти амбасадата“, рече Морено во радио интервју.

Тој рече дека британската влада дала писмени гаранции дека нема да го екстрадира Асанж во земја каде што може да се соочи со смртната казна, пренесе АП.

Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година откако му бил одобрен азил.

Но, односите со неговите домаќини се влошиле до тој степен што Морено му го прекина пристапот до интернет, поради наводното кршење на условите за неговиот азил, зборувајќи за политички прашања.

Асанж пак тужеше велејќи дека неговите права како Еквадорец - минатата година му било доделено државјанство, како дел од очигледниот обид да се именува како дипломат и да се пренесе во Русија - биле прекршени.

Сѐ поголемите тензии го привлекоа Морено до Британија, која со години вели дека со закон е забрането да се екстрадираат осомничени во било која јурисдикција каде што ќе се соочат со смртна казна.

Но, ништо не ги спречува да го екстрадираат во САД ако обвинителите се заложат да не бараат смртна казна.

Претседателот на Еквадор не рече дали врз Асанж ќе се врши притисок да ја напушти амбасадата, но додаде дека правниот тим на Асанж ги разгледува своите нови чекори.

Асанж тврди дека американското Министерство за правда донело тајно обвинение против него поради откривање на доверливи владини информации на веб-страницата на Викиликс.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе