Екстремно невреме во Истанбул: Силен ветар уништи делови од згради, четворица загинати (ВИДЕО)

Четири лица, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа за време на екстремно невреме во Истанбул, јавува Ројтерс.

Screenshot

Повредени се 19 лица, а силниот ветер, покрај Истанбул, ги погоди и околните региони.

Брзината на ветерот се искачи на 130 км/ч, соопшти водечка турска метеоролошка организација, а екстремни услови се очекуваат и во Измир.

Силниот ветер се очекува да продолжи и утре.

„Поради неповолните временски услови предизвикани од југозападниот ветер што од утрово дуваат во Истанбул, животот го загубија четири лица, од кои еден е странски државјанин и тројца наши државјани, 19 наши државјани се повредени, а тројца се во критична состојба“, се вели во соопштението од Истанбул.

Ветерот, пишува Ројтерс, урна делови од зградите, вклучително и бетонски плочи од покриви и ѕидови.

Имаше потешкотии и со летовите на Туркиш ерлајнс.

„Најмалку шест летови на Туркиш ерлајнс што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон градовите Анкара и Измир“, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Силните ветрови влијаеја и на тоа да се укинат траектните линии меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Дача.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе