Експлозијата во турскиот град Суруч била напад на бомбаш-самоубиец на ИСИС (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Турското министерство за внатрешни работи објави дека експлозијата во градот Суруч во која загинаа најмалку 27 луѓе била терористички напад.

„Ги повикуваме сите да останат обединети и мирни пред терористичкиот напад чија цел е единството на нашата земја“, се вели во соопштението на министерството што го пренесува Ројтерс.

Франс прес јавува дека турските власти нападот ѝ го припишуваат на Исламска држава. „Експлозијата била предизвикана од самоубиствен напад“, изјавил извор од турските власти што сакал да остане анонимен. Тој додал дека властите имаат „добра причина да веруваат дека зад нападот стои екстремистичката организација Исламска држава.

Суруч се наоѓа на југоистокот на Турција, покрај границата со Сирија, во близина на Кобане, северносирискиот град кој на почетокот на годината беше жариште на жестоки судири на Исламска држава со курдските борци, потпомогнати од американските воздухопловни сили.

Експлозијата се случила додека во културниот центар на Суруч се одвивал состанок за обнова на Кобане кој беше разурнат во повеќемесечната опсада.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе