Експлозијата во пристаништето во Бејрут остави кратер длабок 43 метри

Големата експлозија на амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, која уништи поголем дел од градот, остави кратер длабок 43 метри, изјави еден безбедносен функционер, повикувајќи се на извештаите на француските експерти.

Во експлозијата загинаа речиси 160 лица, а повредени се 6.000, додека десетици се водат како исчезнати.

Експлозијата се случи во еден магацин каде што 2.750 тони амониум нитрат стоеле шест години „без мерки на претпазливост“, рече премиерот на Либан, Хасан Диаб.

Франција му дава логистичка поддршка на Либан во истрагата и испрати тимови во земјата, меѓу другото, и за да ги бараат жртвите, како и медицинска помош за да му се помогне на Бејрут, каде што се уништени цели населби.

Американскиот институт за геофизика (УСГС), со седиште во Вирџинија, објави дека сензорите снимиле експлозија како земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, јави АФП.

Експлозијата на атомска бомба од 104 килограми за време на нуклеарниот тест во 1962 година во Невада остави кратер длабок 100 метри.

Кратер со дијаметар од најмалку 10 метри и длабок два метри се создаде во нападот во кој беше убиен поранешниот премиер на Либан Рафик Харири, во 2005 година, кога експлодираше камион полн со експлозив.

Во Бејрут во саботата илјадници демонстранти протестираа против либанското раководство, обвинувајќи ги за корупција, неспособност и небрежност по експлозијата, а десетици упаднаа во министерствата и маршираа низ градот барајќи одмазда.

Демонстрантите носеа јажиња за бесење што го симболизираа гневот против лидерите.

Во судирите е убиен еден полицаец, а 238 лица се повредени, меѓу кои 63 се однесени во болница, јави Асошиејтед прес.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе