Експлозија во близина на храм во Пакистан, девет мртви (ФОТО)

Бомба наменета за пакистанската полиција пред суфистички храм во градот Лахоре усмрти 9 лица, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.

Експлозијата, еден ден по почетокот на муслиманскиот свет месец Рамадан, одекна кај полициската станица во близина на Дата Дарбар, еден од најголемите муслимански храмови во Јужна Азија.

„Полицијата беше главна цел на овој напад. Собираме форензички докази за да ја утврдиме природата на експлозијата“, рече Ашфак Кан, заменик генерален инспектор за полициските операции во Лахоре, додавајќи дека девет лица загинаа, а 24 се ранети.

Мухамед Фарук, портпарол на службите за спасување на градот, изјави дека најмалку седуммина од повредените се во критична состојба.

Полицијата постави контролни пунктови на главните патишта што водат до храмот и болниците се во состојба на готовност, објавија официјални лица.

Одговорноста за нападот ја презема Хизбул Арар, огранок на пакистанските Талибанци, кои рекоа дека ја целеле полицијата.

„Овој напад е спроведен во време кога во близина на полицијата немаше цивили“, изјави портпаролот на милитантната група, Абдул Азиз Јусафзаи.

Пакистанските Талибанци со години се борат со владата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе