Експлозијата во Бејрут направи кратер со дијаметар од 124 метри

Во вторникот дојде до катастрофална експлозија во пристаништето во Бејрут, при што загинаа најмалку 135 лица, според досегашните податоци.

Фото: ЕПА

Околу 5.000 лица се повредени, а повеќе од 300.000 лица се раселени од своите домови.

Стотици се водат за исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.

Според Си-ен-ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што го направи силната експлозија е околу 124 метри.

Си-ен-ен ја објави информацијата на основа на анализа на сателитските слики.

Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-ен-ен додава дека нивната проценка може да варира до 10 метри повеќе или помалку.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе