Експлозија во Загреб, едно лице повредено (ВИДЕО)

Неидентификувана експлозивна направа експлодирала ноќта на загрепската улица Стењевечка. Неколку паркирани автомобили се оштетени, а едно лице е повредено и пренесено во болница.

Фото: скриншот

Едно лице беше повредено во текот на ноќта во Загреб кога непознато лице активирало експлозивна направа.

Повеќе автомобили се оштетени при активирањето на неидентификуваната експлозивна направа околу 2.20 часот по полноќ на улицата Стењевечка, пренесува хрватски Индекс.

Повредениот е пренесен во болница, а тежината на повредите што ги добил не е позната.

Истрагата е во тек, додава загрепската полиција.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе