Експлозија во руска лабораторија во која се чуваат мали сипаници, антракс и ебола

Експлозија на гас предизвикала пожар во руски лабораториски комплекс во кој се складирани примероци од опасни заразни болести како мали сипаници, антракс и ебола, соопштија руските власти во понеделникот, пренесе Гардијан.

Рускиот државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија ја негираше можноста дека пожарот ја изложил јавноста на опасни патогени.

Експлозијата се случила на петтиот кат од комплексот Вектор за време на поправки на собата за санитарна инспекција. Вектор се наоѓа во Колцово, во регионот Новосибирск во Сибир. Вирусот на мали сипаници се чува на само две локации на цела планета, во комплексот Вектор и во лабораторијата со висок степен на безбедност на Американскиот центар за контрола и спречување на болести во Атланта.

По експлозијата, еден работник се здобил со изгореници од трет степен, а од самата експлозија се скршиле неколку прозорци во зградата. Пожарот, наводно, се раширил низ системот за вентилација на објектот, но подоцна бил изгаснат.

Руските власти соопштија дека во просторијата каде што се случила експлозијата немало биолошки опасни супстанции. Градоначалникот на Колцово дополнително ја смирувал јавноста изјавувајќи дека во лабораторијата, поради тековни санациски работи, во тој момент не се наоѓале опасни патогени.

Држаниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија Вектор е голем комплекс со 1.600 вработени. Иако во него се чуваат примероци од мали сипаници, антракс, ебола, хепатитис и други опасни патогени, малку е веројатно дека овие опасни материи се нашле вон контролирани услови, пишува Сајнс алрт.

Светската здравствена организација (СЗО) му дозволила на Вектор да складира примероци од мали сипаници токму заради високото ниво на безбедност и заштита во објектот.

Сепак, многумина се загрижени поради рускиот начин на претставување на информациите. Со оглед дека Русите многу бавно и делумно објавуваа информации за неодамнешната експлозија на воен полигон, која предизвика зголемување на нивото на радијација во областа Архангелск.

Руските власти вушност првично негираа дека се случил таков инцидент и, наводно, не ги известиле ниту вработените во болницата дека жртвите од експлозијата биле изложени на смртоносно ниво на зрачење.

Во 2004 година, истражувачка починала откако случајно се боцнала со игла загадена со вирусот ебола.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе