Најмалку еден мртов

Експлозија во петкатница во Русија, падна дел од зграда (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во град источно од Москва откако силна експлозија предизвикала дел од зградата да се урне. Причина за индицентот е истекување гас.

Во една зграда во градот Ореково-Зуево во московскиот регион се случи експлозија во стан, соопшти портпаролот на руското Министерство за вонредни состојби.

Според него, експлозијата се случила на третиот кат од петкатница, а дел од зградата се срушил, пренесе Тасс.

Службите за итни случаи соопштија дека е можно експлозијата да биде предизвикана од дефект на опремата.

Во моментов за едно лице е потврдено дека загинало, а шестмина други се хоспитализирани во критична состојба.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе