Експлозија во најголемиот склад со муниција во Украина, евакуирани 20 илјади луѓе (ВИДЕО)

Во Украина експлодираше голем магацин за муниција, јавуваат руските медиуми. Станува збор за најголемиот магацин за муниција во Украина, кој се наоѓа во регионот Харков на истокот на земјата.

Засега сѐ уште не е познато дали во експлозијата има загинати или повредени. Медиумите јавуваат дека се евакуирани околу 20.000 луѓе, а главниот украински воен обвините Анатолиј Матиос изјави дека, според првичните информации, експлозијата била предизвикана од саботажа.

Снимките од Украина покажуваат голем сообраќаен застој предизвикан од масовната евакуација од градот Балаклеја, каде што се наоѓа магацинот. Евакуирани се поголемиот дел жители на тој град, кој се наоѓа на 100 километри од линијата на разграничување меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

„Првиот бран од евакуацијата заврши, повеќето жители беа евакуирани со автобуси, кои сега се враќаат во градот за да ги извлечат останатите. Безбедносните сили ги проверуваат куќите за да се уверат дека сите се заминати“, изјави неименуван локален службеник за РИА Новости.

Околу магацинот кој сѐ уште гори е поставен безбедносен периметар од седум километри. Во магацинот имало околу 140.000 парчиња разна муниција, од обични куршуми до тенковски и топовски гранати, па сѐ до ракети.

Би-би-си пишува дека во декември 2015 имало неуспешен обид за палење на магацинот. Оружјето во складот било наменето за украинските трупи и паравоени формации кои на истокот на земјата се борат против проруските сепаратисти.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе