Загрозени 300.000 луѓе

Експлозија во хемиска фабрика во Шпанија, едно лице загинато, 6 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Во хемиска фабрика во Тарагона, Шпанија дошло до експлозија и пожар.

Каталонската цивилна заштита го советувало локалното население да остане на затворено и да не излегува на улиците.

Според последните информации, едно лице е загинато, а шест други се повредени.

Шестмината повредени, според Ел Паис, претрпеле сериозни изгореници, додека лицето кое починало го изгубило животот при рушење на куќа во близина. Куќата се срушила од силината на експлозијата.

Властите прогласија вонредна состојба заради, како што велат, „хемискиот инцидент“.

Ел Паис известува дека цивилната служба бара жителите на Тарагона, Салу, Виласека, Реус, Констани, Ел Морела и Ла Каноња да останат во домовите. Вкупно се работи за 300.000 луѓе.

Според првичните извештаи, пожарникарите велат дека станува збор за експлозија на пропилен.

Девет пожарникарски екипи се излезени на терен. Железничкиот сообраќај што минува низ овие места е запрен.

Ел Мундо известува дека фабриката каде се случила експлозијата е единствената во Шпанија која работи со етилен оксид.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе