Експлозија во хемиска фабрика во Русија: загинаа 15 луѓе, едно лице е исчезнато (ВИДЕО)

Во пожар во фабрика за производство на експлозиви во централна Русија настрадаа денес најмалку 15 лица, едно е повредено и уште едно се води како исчезнато, јавија локалните власти.

EPA-EFE

„Загинаа 15 лица, едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници, а судбината на уште едно лице останува непозната“, се наведува во соопштението.

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека пожарот избил на крајот на процесот на производство во фабриката.

Жителите на местата околу фабриката не се загрозени. Над 170 спасувачи се на терен.

Агенцијата Интерфакс јави дека пожарот избил поради „кршење на технолошките процеси и безбедносните стандарди“.

Фабриката за производство на експлозиви за цивилна употреба се наоѓа во Рјазањ, околу 200 километри јужно од Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе